Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД КРАТОВО - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
а) Стварна надлежност

Основниот суд во Кратово е првостепен суд со основна надлежност за подрачјата за кои е основан, и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основниот суд во Кратово е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно – правните и други граѓанско – правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови за наследно – правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- други работи утврдени со закон.

б) Месна надлежност

Основниот суд во Кратово се оснива за подрачјето на општината Кратово
ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД КРАТОВО
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Кратово.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: